X
 18.06.2017 Култура

Започна Баскерфест 2017 - фестивал на уличната уметност

Со парада на плоштадот Македонија кон улицата „Македонија“, во петокот започна Баскерфест. Парадата беше проследена со Градскиот дувачки оркестар и девојките од танцовиот клуб „Еурека“.

baskerfest

На овој начин изведувачите ги поканија скопјани да излезат на улиците и да уживаат во сето она што го нуди Баскерфест. Фестивалот нуди доста интересни и возбудливи настани, а ќе трае до 25 јуни. Во текот на наредните 10 дена, на трите поставени бини, граѓаните ќе можат да ја проследат програмата на фестивалот која ќе се одвива од 19 до 23 часот.

Во рамките на програмата има и детско катче за најмалите, каде децата ќе може да се вклучат во различни забавни активности од 18.30 до 20 часот. Фестивалот ветува многу забава со музичката програма која ќе биде застапена секој ден од 22 до 1 часот по полноќ.

За овогодишниот отворен театар најавени се доста интересни артисти, меѓу кои и Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хозе Енрикес, господин и госпоѓа Бабл, дуото Мајсторот и Маргарита и други учесници.

Од 2006 година Македонија стана првата земја на Балканот со ваков вид на фестивал, кој е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот.

ГАЛЕРИЈА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура