Научниците од Институтот за технологија во Масачусетс создадоа уред во вид на часовник кој со помош на вештачка интелигенција „го чита“ тонот на вашите разговори и реагира ако вашиот соговорник е досаден и со тоа разговорот ви е досаден.
Уредот ја следи работата на срцето, крвниот притисок, температурата и движењата. Научниците ги комбинирале овие информации со аудио снимки за да ја анализираат висината на тонот во разговорот, нивото на енергија и вокабулар и направиле алгоритам кој сето тоа го проценува со точност од 83%.
Уредот ги разбира тоновите на среќа, тага и неутралните тонови и сигнализира ако ви е досадно. Може да се поврзе и со паметен телефон и кога ви е досадно започнува да вибрира.
Креаторите велат дека овој уред може да им помогне на луѓето кои патат од аутизам и имаат проблем со искажување на емоциите.