Што кажуваат резултатите на повеќе од 10.000 студии, спроведени од 1999 година до денес?
Новиот извештај на Националната академија на наука, инженерство и медицина („
National Academies of Sciences, Engineering and Medicine“) покажува најобемен преглед на влијанието на марихуаната на човековото здравје.
Опфатени се студиите објавени од 1999 година до денес, врзани за повремена и терапевтска употреба, односно нејзиното влијание на здравје.
Иако многу држави во светот до денес ја легализирале употребата на марихуаната во терапевтски цели, уште се водат дискусии во врска со нејзиното влијание. Новиот извештај сигурно ќе даде одговор на многу прашања, но научниците истакнуваат дека за донесување на конечни заклучоци е потребно да се спроведат дополнителни истражувања.
Ова се дел од заклучоците, а деталниот извештај може да се пронајде на овој
линк.
Терапевтско дејство
Научниците пронашле докази дека марихуаната е ефикасна метода за значително ублажување на болката и симптомите кај пациентите. Исто така, докажано е и дека краткотрајната употреба на марихуаната ги ублажува грчевите кај лицата со мултиплекс склероза.
Фото: Freepik
Повреди и смртни случаи
Доказите укажуваат на тоа дека консумацијата на марихуаната пред управување со моторно возило го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи. Освен тоа, докажано е дека во државите во кои марихуаната е легална, постои поголем ризик од предозирање со канабис кај децата, Во 78 проценти од случаите, се работи за ненамерно изложување на детето на марихуана и се случува често кај децата од шест години.
Карцином
Што се однесува до поврзаноста на марихуаната и ракот, научниците докажале дека консумацијата на марихуаната не го зголемува ризикот од карцином, кој најчесто се поврзува со пушење.
Срцев удар, мозочен удар и дијабетес
Одборот на научници заклучил дека е неопходно да се спроведат дополнителни истражувања за да се утврди евентуалната поврзаност на марихуаната со срцевите удари, мозочните удари и дијабетесот. Сепак. Поединечни истражувања покажуваат дека пушењето марихуана би можело да го зголеми ризикот од срцев удар.
Ментално здравје
Откриени се докази дека употребата на марихуаната може да го зголеми ризикот за развој на шизофренија, како и други типови на психоза, анкиозност, а во мала мера и развој на депресија. Од друга страна, кај пациентите со шизофренија, марихуаната е поврзана со подобро учење и помнење. Лицата кои консумираат марихуана често се склони кон самоубиствени мисли, а кај лицата со биполарно нарушување употребата ги зголемува симптомите.
Во подетална студија исто така е откриено дека почетокот на употреба на марихуана во раниот животен период, го зголемува ризикот од проблематична и честа консумација подоцна, па непосредно по употребата, намалена е способноста за учење, помнење и концентрација.