X
 25.06.2017 Наука

Бугарија го лансира својот прв сателит во вселената

spacex
Фото: SpaceX


Првиот бугарски геостационарен комуникаицски сателит е лансиран во вселената, изјави вчера бугарскиот оператор „Bulsatcom“.

Сателитот „BulgariaSat-1“ кој ќе овозможува телевизиски и комуникациски услуги во Европа и Северна Африка, го лансира американската воздухопловна компанија „SpaceX“ од вселенскиот центар на НАСА, „Kennedy“ кој се наоѓа во Флорида.

Овој сателит може да се користи во исклучителни ситуации, како што се земјотреси, пожари и поплави, кога мрежите на земјата нема да функционираат.

„Овој светски проект го започнавме пред повеќе од 10 години, свесни дека за неговото завршување ќе треба трпение, посветеност и сериозен тим“, изјави Максим Зајаков, директор на „Bulsatcom“.

„Го лансиравме сателитот и станавме една од водечките вселенски земји во Европа, отворајќи го патот за развој на други високотехнолошки сектори во Бугарија, и талентирани специјалисти“, изјави тој.

Сателитот ќе биде позициониран на орбитата оддалечен од 36.000 километри над Земјата, а во функција ќе биде до 20 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука