X
 02.02.2023 Наука

Неверојатна снимка покажува планети кои кружат околу ѕвезда оддалечена 133,3 светлосни години од Земјата

Ново видео споделено на „Јутјуб“ е една од најневеројатните работи поврзани со вселената.

Видеото прикажува четири точки светлина кои се движат во делумни концентрични кругови околу црн диск во центарот. Она што го гледате е планетарен систем.

Четирите точки се егзопланети, а црниот диск ја затскрива нивната ѕвезда, оддалечена 133,3 светлосни години од Земјата. Парцијалните кругови се нивните орбитални движења, тајмлепс составен од 12-годишни набљудувања.

Станува збор за ѕвездата „ХР8799“, а нејзините егзопланети го сочинуваат првиот систем што астрономите некогаш директно го виделе.

Астрономот Џејсон Ванг од Универзитетот „Нортвестерн“ постојано го набљудува и следи.

- Обично е тешко да се видат планети во орбитата. На пример, не е очигледно дека Јупитер и Марс орбитираат околу нашето Сонце бидејќи живееме во ист систем. Астрономските настани или се случуваат премногу брзо или премногу бавно за да се снимат. Но, ова видео покажува планети кои се движат во човечка временска скала. Се надевам дека ќе им овозможи на луѓето да уживаат во нешто чудесно - вели тој.

На видеото, времето е обработено за да се поправат временските скокови помеѓу податоците, покажувајќи го непреченото орбитално движење на четирите егзопланети. Така, 12. години набљудување се претставени во само 4,5 секунди.



Извор: Science Alert
Фото: Јason Wang/Northwestern University
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука