НАСА потпишала договор со организаторите на реалното шоу „
Спејс хиро“ за да го испрати победникот во Меѓународната вселенска станица. Тој ќе остане во станицата 10 дена.
Сè уште не е познат форматот на реалното шоу, ниту бројот на учесници, но се знае дека оние што сакаат да учествуваат треба да бидат подготвени за ригорозен тренинг и тешки тестови кои ќе ги предизвикаат ментално, физички и емоционално, пишува „Дејли мејл“.
Продукциската компанија планира да го емитува реалното шоу низ целиот свет, а сите гледачи ќе може да гласаат за натпреварувачите. Компанијата „Аксиом спејс“ ќе го организира патот до вселената, кој ќе чини 55 милиони долари.
Фото: Pixabay
За учество во реалното шоу, може да се пријавува секој што течно зборува англиски јазик, има најмалку 18 години и е подготвен да оди во вселената најрано во 2023 година.
Реалното шоу треба да има 15 сезони во следните 30 години, а победниците од подоцнежните сезони можеби ќе имаат шанса да летаат до Месечината или дури и до Марс, во зависност од напредокот на истражувањето на вселената.
Треба да се договорат уште детали пред да започне шоуто и засега не се знае кога ќе почне.
Автор: Рајан Морисон
Извор:
dailymail.co.uk