Научниците откриле црна дупка поблиску до Земјата од која било друга црна дупка откриена претходно. Таа се наоѓа толку блиску, што ѕвездите кои кружат околу неа може да се видат со голо око.
Таа се наоѓа на 1.000 светлосни години од Земјата и била откриена со телескоп во Чиле на Европската јужна опсерваторија. Црната дупка е видлива и без телескоп за оние во јужната хемисфера.
Фото: Pixabay
- Бевме комплетно изненадени кога сфативме дека ова е првиот ѕвезден систем со црна дупка кој може да се види со голо око - вели Петр Хадрава, научник и еден од авторите на истражувањето за откритието.
Системот првпат бил забележан во рамките на друго истражување за системи со две сонца. Научниците биле шокирани кога откриле дека еден систем се крие зад црна дупка која претходно не била откриена. Ова е една од првите откриени црни дупки што реагира насилно на околината.
Астрономите ја откриле набљудувајќи ја орбитата на ѕвездата во внатрешноста на еден ѕвезден систем.
Фото: Pixabay
Томас Ривиниус, кој го водел истражувањето, вели дека невидливо тело со големина барем четири пати поголема од онаа на Сонцето може да биде само црна дупка. Фактот дека оваа црна дупка е толку блиску покажува дека веројатно има многу повеќе подалеку што не биле откриени. Досега астрономите забележале само мал број црни дупки во нашата галаксија и речиси сите влијаеле врз телата околу нив.
Автор: Ендру Грифин
Извор:
independent.co.uk