Постојат 7,6 милијарди луѓе на планетата, а во просек дневно се раѓаат 353.000 деца, посочува УНИЦЕФ. Но колку младенчиња дневно раѓаат животните?
Животното е живо суштество што се храни со органска материја, има органи за сетило и нервен систем што брзо реагира на дразби, вели дефиницијата на „Оксфорд“, што значи дека тука се вклучени и цицачи, ’рбетници и безрбетници и животни што лежат на јајце.
Би-би-си започна од зајаците. Друштвото за диви животни на Велика Британија вели дека на островот живеат околу 40 милиони, а во текот на годината во просек по имаат седум легла со три до седум младенчиња.
Кога секоја жена во светот би имала седум легла, на пример, пет зајачиња по легло, тоа би значело дека дневно ќе се раѓаат 1.917.808 деца. Тоа исто така би значело дека Англија би била преплавена со зајаци, што не е случај. Тоа има врска со високото ниво на смртност меѓу младенчињата, па така, по легло можеби едно ќе достигне зрелост.
Но што е со помалку распространетите видови, како хумболтовиот пингвин? Тие имаат по околу четири јајца годишно, но не сите го преживуваат целиот период на инкубација. Се проценува дека годишно излегуваат 14.400 хумболтови пингвини, што излегува дека дневно излегуваат 40 пингвини од овој загрозен вид.
Ова е интересно да се спореди со некој вид незагрозени видови, како на пример кокошките. Претпоставка е дека дневно се раѓаат над 62 милиони пилиња, што е голем број, но не треба да се заборави дека голем дел од нив се одгледуваат за исхрана.
Многу научници, како Моника Бом од Институтот за зоологија во Лондон, сметаат дека обидот да се пресмета точниот број е невозможен бидејќи не се знае ни приближно доволно за репродуктивните навики на сите видови на планетата.
Но професорот Аксел Росберг од Универзитетот „Квин Мери“ верува дека има одговор. Тој вели дека постои корелација помеѓу големината и комплексноста на организмот и бројот на потомци.
Тоа значи дека постојат повеќе пчели од слонови и повеќе мрави од мравојади.
Кога станува збор за пчелите, просекот покажува дека матицата дневно положува 1.500 јајца. Во јануари 2018 година 241.461 кошница во Британија биле изброени, што значи дека дневно се раѓаат 371.191.500 пчели.
Најмногу животни на планетата се нематодите, меѓу кои и детските глисти. На квадратен метар земја во просек има три милиони нематоди.
Еден од подвидовите, наречен Caenorhabditis Elegan, положува дури 5 јајца на секој час, а Аксел дошол до заклучок дека дневно (само подвидот) се раѓаат околу 600 трилиони нематоди.
Во светот, колку што знаеме, постојат 7,7 милиони видови животни, со оглед на тоа што 95 отсто од океаните не се испитани и 99 отсто од океанското дно. Така што, додека не ги проучиме сите видови на Земјата, ова
прашање ќе остане неодговорено.