X
 28.06.2017 Наука

Зголемувањето на нивото на морињата и океаните се забрзува

Во речиси третина од студиите кои беа објавени изминатата година за зголеменото ниво на морињата, се потврдува тој факт, но се обрнува внимание и на податокот дека не само што морското ниво е зголемено, туку тоа зголемување и се забрзува.


Она што беше 2.2 милиметри годишно во 1993 година, прерасна во 3.3 милиметри во 2014, кое е резултат на топењето на мразот на Гренланд и Антартикот. Експертите сметаат дека ваквото темпо ќе продолжи. Ваквата појава бара брзо реагирање и превентивни мерки. Според научниците, ова ќе предизвика големи последици за крајбрежјата, кои ќе немаат доволно време за да се адаптираат доколку покачувањето на нивото на водата продолжи.

Клучните компоненти на морското ниво се термалната експанзија на океанската вода како што таа се загрева и топењето на Гренланд и Антартикот, како и помали глечери ширум светот. Исто така, копнените резерви на вода можат да бидат изгубени, заради обилни врнежи од дожд или други фактори, па водата од континентите може да се излее во океаните.

Се додека Гренлад и Антартикот се топат, толку ќе расте и нивото на морињата и океаните. Експертите сметаат дека она од што се плашеле и што го предвидувале во изминатите години, сега и се случува и е нешто за кое потребно е веднаш да се преземат мерки.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука