X
 21.05.2021 Наука

Се отцепи најголемата санта мраз од Антарктикот

Се отцепи најголемата санта мраз од Антарктикот, 80 пати поголема од Менхетн, Њујорк. Сантата мраз се отцепи во морето Ведел, известија од Европската вселенска агенција.

Таа е долга околу 170 километри, а широка 25 километри и со тоа е малку поголема од шпанскиот остров Мајорка, пренесува Си-ен-ен.


Фото: ESA

Научниците не сметаат дека отцепувањето на оваа санта мраз е последица на климатските промени, туку дека е дел од природниот процес на расцепување на мразот во регионот. Кога ќе се стопи, новата санта мраз нема да го покачи нивото на морето бидејќи била дел од тенок мраз што плови.



Отцепувањето прв го забележал океанографот Кит Мекинсон минатата недела, а тоа подоцна било потврдено од американскиот Национален центар за мраз.

Сантата мраз има и име - А-76.

Автор: Ивана Котасова
Извор: cnn.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука