X
 03.07.2017 Култура

Што ни откриваат пребарувањата на „Гугл“ за човековата психа?


„Гугл“ пребарувач на таблет
(Фото: Getty images)

Истражувањата покажаа дека прелистувањето низ „Фејсбук“ или „Инстаграм“ можат да им предизвикаат на луѓето чувства на осаменост и депресивност.

Но, поранешниот датолог во „Гугл“, Сет Стивенс Давидовиц вели дека не смееме да им дозволиме на социјалните медиуми да нѐ обеспокојуваат. Тој посветил цели пет години во обработување на датабазата на пребарувања на „Гугл“ при подготвувањето на неговата докторска дисертација по економија. Во радиоемисијата The current тој изјави дека таквото искуство му влејало несигурност за неговиот живот и му го поттикнало сочувството со другите.

Стивенс Давидовиц верува дека пребарувањата на интернет овозможуваат уникатен увид во човековата психа, бидејќи во пребарувачот „Гугл“ луѓето внесуваат нешта што никогаш нема да ги признаат во некој прашалник, па дури ни на самите себе.

На пример, вели тој, историски, постојат повеќе пребарувања на порнографски содржини отколку на временска прогноза, но тие што признаваат дека гледаат порнографија се малцинство.

Во својата книга Everybody lies: Big Data, New Data and What the Internet can tell us about who we really are, Стевенс Давидовиц истражува што сѐ открива датабазата од пребарувањата на интернет, од сексот и политиката до здравјето и среќата.  

„Првото нешто што ’Гугл‘ ни го кажува е колку малку секс имаат луѓето“, вели тој.

Датабазата содржи и некои податоци поврзани со политичките состојби. Стивенс Давидовиц сугерира дека одзивот на гласачите за Хилари Клинтон се намалил, бидејќи бројот на пребарувања на интернет поврзани со гласачки информации во споредба со претходните избори бил намален – особено во населбите со мнозинство црнци. 

Тој со неверување го издвојува податокот за тоа колку многу луѓе пребарувале расистички содржини на интернет и тврди дека постои директна поврзаност помеѓу расистичките пребарувања на интернет и подемот на претседателот Доналд Трамп.

„Повеќе од очигледно е дека расизмот одиграл огромна улога во подемот на Трамп, иако луѓето не би го признале тоа.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура