X
 21.07.2021 Здравје

Откриен е еден протеин што ги поврзува сите видови рак

Според ново истражување, сите видови рак може да се стават во една од две новооткриени категории врз основа на тоа дали создаваат или не создаваат еден протеин.

Истражувачи водени од научници од повеќе институции во болницата „Синаи хелт систем“ објавиле истражување во списанието „Кенср сел“ во кое ги поврзуваат сите видови рак со еден протеин наречен ЈАП (YAP - Yes-associated protein).

Според нивните сознанија, има видливи разлики помеѓу клетките на ракот што го имаат протеинот и оние што го немаат. Истражувачите откриле дека раковите без протеинот најчесто се посмртоносни, но и двата вида рак имаат недостатоци. На пример, се чини дека туморот без протеин престанува да расте доколку се изложи на протеинот.


Фото: Pixabay

За жал, туморите може да ја менуваат состојбата за да преживеат за време на третманите, со што се отежнува неговото елиминирање.

- Третманите специјализирани за двете состојби би можеле да бидат нов начин да се спречи менувањето на нивната состојба и со тоа да дојде до зголемување на ефективноста на лековите за овие состојби, вели Џол Пирсон, еден од истражувачите.

Извор: Futurism
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје