X
 11.03.2020 Здравје

Кофеинот нема да ве направи покреативни, но ќе ви помогне при решавањето проблеми

Често гледаме фотографии од познати писатели или уметници како пијат кафе, но се чини дека таа шолја кафе има поголеми поволности за работата на менаџерот отколку за работата на креативецот. Ново истражување покажува дека кофеинот не ја подобрува креативноста, но значително влијае врз способностите за решавање проблеми.

Истражувањето објавено неодамна работело со 80 учесници на кои им биле дадени 200 милиграми кофеин или плацебо-капсула. Потоа тие ги следеле додека решавале проблеми, додека работеле на креативни идеи и ги тестирале нивната меморија и расположение.


Фото: Pixabay

Способностите за решавање проблеми значително се подобриле кај оние што го консумирале кофеинот, но резултатите покажале дека кофеинот нема влијание врз меморијата или креативноста. Освен тоа, испитаниците изјавиле дека се чувствуваат „малку тажни“.

Претходни истражувања покажале дека кофеинот позитивно влијае врз рефлексите, фокусирањето, вниманието и моторните вештини, но постојат малку истражувања за креативноста. Ова значи дека кофеинот помага во некои видови размислување, особено во конвергентното размислување, како тогаш кога ни се потребни точни одговори или кога правиме пресметки. Но, кофеинот веројатно нема да ви помогне во дивергентното размислување, како размислувањето за нови производи или замислувањето нов дизајн.


Фото: Pixabay

Главниот автор на истражувањето, Дарја Забелина, додава дека иако не го подобрува креативното размислување, кофеинот не го влошува.

Автор: Аријан Коен
Извор: Fastcompany.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје