X
 04.07.2017 Живот

Која земја во Европа има најмногу државни празници?

praznici
Фото:  Jakub Marian

Секој државен празник во одредена држава е одреден со закон. Државните празници главно се неработни, но се платени ако работникот сепак работи.

Единствен исклучок претставува Велика Британија - таму не постојат неработни платени денови, дури ни кога станува збор за државни празници, но тоа им се надоместува на работниците на друг начин. Британците годишно имаат по 28 дена одмор.

Познатиот Јакуб Мариан објави мапа со бројот на државни празници во секоја европска земја. Мапата погоре го прикажува (теоретски) максималниот број на неработни денови дефинирани со закон. Сепак, вистинскиот број на неработни денови варира од година на година и зависи од бројот на празници што се паѓаат во викенд (кои се компензираат со дополнителен неработен ден во текот на работната недела).

Македонија има 13 државни празници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот