X
 08.04.2020 Економија

Листа со најиновативни земји во светот

Истражувањата од областа на ракот, алтeрнативите за месо и паметните технологии се едни од најголемите достигнувања во поново време. Но, кои земји се лидери кога станува збор за иновациите, истражувањата и достигнувањата?

Една нова ранг-листа составена од „Блумберг“ ги покажува најиновативните земји според индексни вредности. Во 2020 година Германија е на врвот, победувајќи ја Јужна Кореја, која го имаше првото место на листата шест години. Во рангирањето се земени предвид фактори како истражувања, патенти и број на технолошки компании.

Германија се најде на првото место со 88,21 поени од вкупно 100. Сингапур и Данска се земјите што направиле најголем скок на листата.


Извор: Bloomberg

10 најиновативни економии во светот во 2020

1. Германија
2. Јужна Кореја
3. Сингапур
4. Швајцарија
5. Шведска
6. Израел
7. Финска
8. Данска
9. САД
10. Франција

Македонија не се најде меѓу првите 60 држави на листата прикажана на интернет-страницата „Блумберг“. Од земјите во регионот, Словенија се најде на 21. место, односно се искачи 10 места во споредба со 2019 година. Грција се наоѓа на 30. место, Бугарија на 42., а Хрватска на 43. место.

Извори: weforum.org и bloomberg.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија