X
 05.07.2017 Технологија

Како да се заштитите на интернет?

VPN станува важен дел од пребарувањето на интернет, но сепак засега само 25% од корисниците ја употребуваат.


VPN значи „виртуелна приватна мрежа“ и работи на тој начин што ја чува скриена вашата активност додека пребарувате, праќате електронска пошта и други приватни податоци кои не сакате да ги дознаат другите. VPN ќе ги кодира вашите активности на интернет, па хакерите нема да имаат пристап до вашите податоци, ќе ја сокрие вашата локација и IP3-адреса, па ќе можете да останете анонимни.

Најдобар избор за ваша заштита на интернет е „Windscribe VPN: Lifetime Pro Subscription“. Се работи за едноставна и ефикасна десктоп-апликација и екстензија за пребарување која работи како VPN и блокатор на реклами за да ги штити вашите податоци и да овозможи безбедност.

Може да ја користите на колку сакате уреди и во зависност од тоа кој пакет ќе го изберете, ќе бидете заштитени во времетраење од 3,5 години или постојано.

Повеќе детали на овој линк.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија