X
 24.08.2015 Образование

Митови за онлајн студирањето

Недостатокот на знаење за овој начин на студирање значи дека постојат бројни невистини за онлајн студирањето. Точно е дека онлајн студирањето овозможува да го унапредите вашето образование на доста флексибилен и практичен начин. Онлајн студиите се избор на некои вработени кои не само што имаат должности на работа, туку имаат и семејство и други обврски.

Ова се седумте најчести митови и вистини поврзани со онлајн студирањето.

1 мит: Во онлајн студирањето сте сами

Оналјн студиите несомнено бараат одредена количина на само-дисциплина и одговорност. Но, треба да знаете дека никогаш не сте сами бидејќи сте дел од семејство на онлајн студенти, ментори и наставници. Сите заедно студирате и комуницирате во виртуелна наставно опкружување. Вирутелното опкружување нуди бројни можности за комуникација преку форуми, соби за разговор, блогови, меилови, интернет чет соби.

2 мит: Онлајн програмите се полесни од традиционалните програми

Верувајте, Googlе не е доволен за да дипломирате онлајн. Во виртуелното опкружување треба да извршувате доста задачи, понекогаш дури и повеќе од традиционалните програми. Студиите се практично насочени и секоја недела имате да извршувате неколку задачи за успешно да го положите предметот. Неделните задачи се собираат во конечна оценка за предметот. Задачите се насочени кон праксата, работите на реални примери од праксата и потребно е да проучите голем број онлајн изори за успешно да ја завршите задачата.

3 мит: Работодавците не ги сфаќаат онлајн дипломите сериозно

Многу луѓе го забораваат фактот дека онлајн програмите траат исто долго како и традиционалните програми, што вреди да му се напомене на вашиот работодавец. Всушност, на некој начин се и подобри за оние кои имаат работа бидејќи нема да отсуствувате и нема да имате дополнителни патни трошоци. Повеќе од начинот на студирање, работодавците го ценат знаењето кое нивните работници го стекнале во текот на студиите и кои го одржуваат успехот на компанијата.

4 мит: Професорот нема да биде достапен

Во онлајн студирањето професорот е многу подостапен за студентите поради бројните комуникациски канали кои го нуди виртуелното наставно опкружување - форуми, канцеларија на професор, чат соби итн. Некои студенти ги контактираат своите професори преку Скајп, Фејсбук, Твитер итн, а освен професорите, студентите имаат и поддршка од онлајн ментор кој го следи нивниот напредок, и им нуди одговори на сите прашања во врска со задачите. Тука е и менаџерот на програмат акој во случај на отсуство на студентите им се јавува и прашува дали е потребна некаква помош во текот на студирањето. Тука е и техничката личност која ги решава сите технички проблеми на студентите.

5 мит: Препишувањето е полесно во онлајн студиите

Истражувањата покажуваат дека препишувањето во оналјн студиите не е почесто отколку во традиционалните студии. Онлајн професорите и менторите користат различни начини, како технички така и педагошки за да можат да откријт плагијат, бидејќи онлајн студиите се активен начин на студирање.

Кај онлајн тестовите се користи програмска опрема која го снима студентот во текот на полагањето на испитот и на тој начин студентот во текот н полагањето не може да сурфа на интернет.

6 мит: Дефектот со интернетот е одличен изговор


Повеќето онлајн ментори и наставници нема да ги прифатат вашите проблеми со интернетот или компјутерот како изговор, освен ако не докажете со сертификат кој ви го дал вашиот интернет провајдер.

7 мит: Онлајн програмите не се акредитирани, што значи дека не добивате валидна диплома

Овој мит делумно е точен бидејќи постојат институции кои не се акредитирање за онлајн програми, додека други не го изведуваат тоа на квалитетен начин или едноставно своите програми ги нарекуваат онлајн програми.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование