X
 08.07.2017 Живот

Кои се луѓето во црно кои прават хаос низ Хамбург?

crn blok

„Ги нарекуваат Црниот блок, но тоа всушност не е име на група, туку тактика“, пишува германскиот „DW.

Oд глава до петици се облечени во црно, со марами преку лице или фантомки, капи и очила за сонце.

Цел свет за нив слушнал пред одржувањето на самитот Г20, после конфликтот со полицијата, иако, според извештаите на медиумите, тие не биле виновни за него.

Како што истакнува „DW“, иако името вели дека станува збор за некаква група, Црниот блок е всушност тактика за улични протести, кои често се насилни. Така обично се нарекуваат демонстрантите кои се мешаат меѓу мирните демонстранти, а својот идентитет од полициските камери го сокриваат со маски.

Според германскиот закон за собири, ова е забрането, и на почеток тоа било причината што полицијата ја запрела протестната колона.

Црниот блок во Хамбург ги собрал радикалните левичари, автономните активисти и анархисти. Иако ги обединува облеката, отпорот кон „системот“ и подготвеноста за насилство, луѓето во црно всушност застапуваат разнородни идеологии.

Покрај комунистите, кои се залагаат за силна социјална држава, тука се и анархистите кои сакаат да ја укинат државата. Поврзани се и меѓународно.

„Воглавно сум слушнала дека зборуваат италијански и шпански. Ова се луѓе на воопшто не им е грижа како ќе изгледа Хамбург во понеделник“, изјави една жена.

Во меѓувреме, облеката стана и начин на идентификација, сигнал за подготвеност за насилство.

„Ова е можност да се настапи воено, иако оваа можност не мора секогаш да се употреби“, вели Себастијан Хаунс, професор на Универзитетот во Бармен кој ги истражува автономните движења.

Како што се наведува, овој начин на протест станал популарен уште во 1980-те во Западна Германија за време на протестите против нуклеарните електрани.

За време на самитот Г8 во Росток во 2007 година, Црниот блок, за време на инцидентите, повредил околу 400 полицајци.

Одделението за заштита на уставниот поредок проценува дека денес во Германија има 28.500 „потенцијални левичарски екстремисти“.

„На полицијата омилен непријател ѝ се автономните, но и автономните се омилени непријатели на полицијата“, додава Хаунс.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот