X
 24.03.2015 Образование

Битолските средношколци маршираат!

Битолските средношколци денеска излегоа на првиот протестен марш за да кажат стоп за лошите реформи во средното образование.

 

1


Маршот започна  напладне од средното медицинско училиште, „Д-р Јован Калаузи“,  а колоната преку битолски Широк Сокак се упати кон општина Битола, кадешто средношколците ги доставија до Секторот за образование двете барања - укинување на екстернотот тестирање и враќање на стариот модел на државна матура.

„Време е ние младите да излеземе и преку протест да го кажеме нашето мислење, затоа што екстерното тестирање не е најсовршениот метод за нашето оценување, а математиката не е вистинскиот предмет кој треба да биде во матурата“, изјави една средношколка.

 

2


„Мислам дека не е правилно да има ектерно тестирање, затоа што со 30 прашања не може да се опфати материјалот од 180 дена, а со воведување на математиката во државната матура, скратено ни е правотот на избор“, вели друг средношколец.

Средношколците добија целосна поддршка од студентскиот и наставничкиот пленум, а нив им се приклучија и нивните родители, пензионери и други граѓани.

3

„Тука сум да им дадам поддршка на средношколците затоа што сметам дека образованието оди во погрешна насока, а овие млади луѓе го бараат она што го заслужуваат“, изјави еден родител.

Од битолскиот Средношколски пленум се жалат дека во изминатите неколку денови се соочиле со притисоци, етикетирања и закани. Тие велат дека маршот би имал поголема масовност доколу голем број ученици не биле спречени да им се приклучат.

„Имавме притисоци, а денеска директорката на медицинското училиште излезе да им каже на учениците кои ќе излезат на протест дека ќе им биде намалено поведението“, изјави Евгениј Литовски од Средношколски пленум - Битола.

 

4


Првиот средношколски марш во Битола помина мирно; од Средношколскиот пленум велат дека протеси ќе има и во наредниот период доколку продолжи игнорантскиот однос од надлежните.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование