Канарските Острови со 94 милиони ноќевања се најпопуларната дестинација за државјаните на Европската Унија.
Потоа следува француската покраина Ил де Франс, која го вклучува Париз, со 76,8 милиони ноќевања. На третото место е шпанската покраина Каталонија со 75,5 милиони ноќевања, а на четвртото место е крајбрежјето на Хрватска со 68,1 милиони ноќевања остварени во текот на 2015 година, бележи „Евростат“.
Од соседните земји најпосетена е Грција со 46,7 милиони ноќевања, Босна и Херцеговина со 22 милиона, Бугарија со 14,4 милиони ноќевања, а Србија со 8,5 милиони ноќевања.
Хрватскиот Јадран зад себе го остава шпанскиот бисер Балеари, па и италијанскиот регион Венето, како и Андалузија, француска Прованса, Лондон и околината и Тоскана. Со оглед на тие податоци, може да се каже дека јадранска Хрватска е навистина популарна дестинација за жителите на ЕУ, и тоа повеќе од Азурниот Брег.
Инаку, во земјите на ЕУ, дури 90 процени од сите ноќевања ги остваруваат граѓаните на ЕУ. Од други дестинации за ЕУ-туристите, според бројот на остварени ноќевања, најпосакувани места биле САД и Турција. Во САД, Европејците биле присутни со 14 проценти, а во Турција со 10,4 проценти. Сега таа листа би изгледала поинаку поради состојбата со тероризмот во Турција.
Заклучно, државјаните на Европската Унија поминуваат речиси 85 проценти од своите туристички ноќевања во рамките на
ЕУ, а само 15 проценти надвор од неа.