X
 22.05.2022 Живот

Експеримент што почнува на крајот од мај: Оваа земја ги отвора границите само за 50 туристи

Јапонија наскоро ќе ги отвори границите за само 50 патници од неколку земји. Но, под еден услов.

Во „пробната туристичка акција“, која може да се опише како чудна, Јапонија овој месец повторно ќе почне да прима туристички групи, но ќе го ограничи бројот на туристи на 50 (толку е вкупниот број - не на ден или по група).

Сите патници мора да бидат вакцинирани со три дози вакцина против коронавирусот, а секоја туристичка група ќе биде ограничена на четири патници. Не е целосно јасно како ќе бидат избрани овие патници или кои туристички компании ќе бидат вклучени.

Ќе можат да доаѓаат туристи од Австралија, Сингапур, Тајланд и од САД.

japonija
Фото: Freepik

- Ограничените посети ќе ги тестираат мерките за спречување ковид-19, вклучително и превенција од инфекција и одговор во итни случаи. Информациите ќе бидат испратени до туристичките агенции, хотелите и другите туристички компании. Посетителите ќе треба да бидат придружувани од туристички водич и ќе можат да одат само во области каде што нема вонредна состојба и во кои владините претставници се согласија да примаат патници - се вели во соопштението на Јапонската туристичка агенција.

Засега не е јасно како оваа мала група луѓе ќе ѝ помогне на Јапонија да потврди дали мерките за коронавирусот се доволни, а не е познато ни дали границите ќе бидат отворени наскоро, како што објави премиерот Фумио Кишида при посетата на Лондон на почетокот од овој месец.

За време на пандемијата Јапонија падна од 8.000.000 странски туристи во периодот помеѓу јануари и март 2019 година на само 100.000 во истиот период во 2022 година.

Извор: Washingtonpost.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот