X
 24.05.2024 Живот

Што би се случило со Германија ако ја напушти Европската Унија?

Германија би претрпела сериозна економска штета доколку ја напушти Европската Унија, пишуваат истражувачите од Германскиот економски институт.

Во анализата економистите пишуваат дека напуштањето на ЕУ ќе доведе до сериозна економска криза и долгорочно губење на просперитетот за населението во Германија.

Истражувачите од Институтот во Келн процениле дека може да се очекува намалување на БДП за 5,6 отсто или околу 690 милијарди евра, пет години по излегувањето на Германија од Унијата. Во текот на петтата година би можеле да бидат изгубени 2,5 милиони работни места.

Ова одговара на загубите на економската додадена вредност поради ковид-пандемијата и кризата со цените на енергијата по руската инвазија на Украина.

Пресметките се засноваат на минати настани и податоци, но идните трошоци би биле еднакво високи.

Истражувачите пресметале што би се случило со Германија кога би излегла од ЕУ во исто време со Велика Британија.

Британските гласачи го одобрија излегувањето во Унијата, познато како Брегзит, во 2016 година, а процесот заврши во 2020 година. За да го утврдат ова, економистите го анализирале економското влијание на Брегзит врз Велика Британија од референдумот во 2016 до 2021 година, а потоа тие ефекти ги префрлиле врз Германија, земајќи ги предвид разликите меѓу двете земји.

Последиците од вистинското излегување на Германија од Унијата веројатно би биле поголеми, сметаат авторите, кои укажуваат на блиските врски на Германија со другите членки на ЕУ и нејзината употреба на заедничката валута, еврото.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот