X
 12.07.2017 Наука

Ќе се менува тежината на килограмот


Тегови за вага
(Фото: Pixsell)

Американски научници сакаат да го променат глобалниот систем на мери и практично тврдат дека мерата за килограм се темели на непрецизни и застарени стандарди.

Цилиндар од платина и иридиум тежок точно еден килограм, од 1889 година е стандардна мера според која се мерат сите други килограми. Тој еталон се чува под стаклен цилиндар и под клуч, но во изминатите 128 години изгубил околу 45 микрограми од масата – приближно колку тежината на една трепка.

Иако се чини безначајно, претставува огромна разлика за компаниите што произведуваат тегови и други производи што се темелат на стандардите на американскиот Национален институт за стандарди и технологија. Според тоа, ефективноста на филтрите на дизелските мотори се мери со масата на саѓите што ги собираат во микрограми. 

Џон Прат од НИСТ за „Индипендент“ изјави дека од тоа зависат многу нешта кои луѓето ги земаат здраво за готово, како на пример, дишењето. Прат и неговиот тим се вклучени во меѓународна иницијатива чија цел е редефинирање на килограмот што се заснова на универзална константа, како на пример, брзината на светлината која никогаш не се менува, без разлика на времето и местото.

Како мера за новиот килограм се одлучија за Планковата константа и математичката дефиниција што се заснова врз неа. Минатата седмица ја добија најпрецизната мера на Планковата константа користејќи го Кибловиот механизам, кој користи електромагнетизам наместо вага, а овој месец научниците ќе се состанат со цел да ја утврдат таа вредност, за идната година да можат да донесат нова одлука за дефиницијата на килограмот врз основа на таа константа.

Инаку, најновата мера на Планковата константа е 6.626069934 х 10ᶺ-34 kg m2/s, со што се менува старата од 6.62607004 х 10ᶺ-34 kg m2/s.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука