Сите имаме пријател кој ставил некој килограм повеќе откако ја сретнал „вистинската личност“. Или пак можеби вие сте тој пријател. Среќните парови повеќе не се фокусираат на нивната тежина туку на нивниот партнер. Еве зошто:
- Немаат кого да импресионираат
- Не одат во теретана за да поминуваат повеќе време заедно
- Стекнуваат лоши навики во исхраната
- Не се толку активни и избираат да останат дома, да јадат и да гледаат филмови
- Премногу се среќни за да забележат дека нивните пантолони повеќе не ги собираат
Новото истражување кое доаѓа од Националниот центар за биотехнологија открива дека ако човек е среќен во љубовта тогаш тој е склон кон добивање на килограм плус. Истражувачите следеле 169 парови во рок од неколку години. На паровите им се мерела тежина два пати годишно, и доставувале детали и информации за нивното целокупно задоволство од нивниот брачен живот. Истражувањето покажа дека паровите кои биле среќни во бракот се здебелиле, додека оние кои не биле среќни во бракот останале слаби и на крај се разделиле.
Објаснувањето за ова е дека луѓето во стабилни, среќни врски веќе го пронашле својот партнер, такашто не мораат повеќе да импресионираат никого. Тие се уверени дека нивниот партнер ќе биде со нив. Од друга страна, паровите кои не се задоволни во
врската, останале атрактивни бидејќи сакале да имаат потенцијал да бараат нов партнер.
Психологот Андреа Л.Мелцер, која го водела истражувањето, вели дека паровите треба да обрнат внимание кога станува збор за нивната тежина, бидејќи може да доведе до здравствени последици како што се дијабетес и кардиоваскуларни болести.
„Фокусирајќи се на тежината во однос на одредени здравствени проблеми, задоволните парови може да бидат во можност да го избегнат потенцијалното зголемување на телесната тежина со текот на времето во нивните бракови“, вели таа.