X
 24.07.2024 Живот

Мало гратче во Европа замрзнато во времето, цените не се променети цела деценија

Сместено на речиси два часа од Минхен и три часа од Франкфурт, гратчето Бамберг во Горна Франконија, Германија, е една од најживописните, добро сочувани дестинации во Европа.

Бамберг може да се пофали со статус на светско наследство на УНЕСКО.

 
Често опишуван како франконски Рим, Бамберг е изграден на седум рида и е полн со архитектонски чуда кои датираат од средниот век. Овој баварски град, дом на нешто помалку од 76.000 луѓе, беспрекорно го спојува модерниот живот со историските културни богатства од глобално значење.

Низ улиците на ова гратче се наоѓаат згради кои го издржале тестот на времето, а неговиот центар е исполнет со раскошни палати и средновековни замоци.

 
Вљубениците во историјата ќе бидат воодушевени од прекрасната катедрала во Бамберг од 13 век, една од најпознатите катедрали во Германија.

 
Нешто што мора да се види е манастирот „Св. Михаил“. Станува збор за барокна црква со прекрасна „небесна градина“ со над 578 цвеќиња и тераса што нуди панорамски поглед на градот.


Покрај богатата историја, Бамберг е познат и по својата пивска култура. Градот е познат по своите пијалаци и уникатното пиво познато како „раучбиер“. Со 13 пиварници во самиот град и уште 60 во околината, љубителите на пиво имаат многу за истражување.

Извор: Express.co.uk
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот