Многубројни посетители на една плажа во Флорида со заеднички сили успеале да спасат семејство кое било повлечено од силната плима.
Околу 80 посетители на плажата „Панама сити бич“ покажале неверојатна човечност и храброст при обидот да спасат семејство кое по кратката летна бура било повлечено од силна струја.
Вкупно девет луѓе, а меѓу нив и две мали деца и нивната баба, останале заробени поради плимата. Како што поминувало времетo, така тие започнале сè повеќе да се заморуваат, а бабата доживеала срцев удар.
Кога стигнала полицијата, еден полицаец скокнал во вода и се обидел да им помогне, меѓутоа, за брзо време се вратил на брегот откако сфатил дека и самиот е во опасност.
Фото: Rosalinda Beckton/Facebook
Полицијата одлучила да го почека патролниот брод од крајбрежната стража, но за брзо време посетителите на плажата почнале сами да се организираат. Тие направиле синџир со рацете од брегот до семејството и со помош на неколку силни пливачи и штици за сурфање ги извлекле еден по еден.
„Беше апсолутно неверојатно да се види како луѓето од различна раса и пол се трудат да им помогнат на странци“, вели Џесика Мае Симонс, пливачка која била дел од спасувачката мисија.
„Луѓе што не се познаваат се фатија за раце и направија синџир, влегоа во
морето и се обидоа да го спасат семејството“, вели Симонс.