X
 04.01.2016 Наука

Научниците открија како да ја одделат солта од морската вода

нано

 

Истражувачите развија систем кој користи електрични шок бранови за да ја извлечат солта и другите нечистотии од солената и загадената вода.


Позната како „shock electrodialysis“, техниката се практикува како електромоторен шок бран на постојаниот прилив на вода - таа содејствува со честичките од сол, предизвикувајќи големиот прилив на солена вода да биде турната настрана и одделена од свежата вода.

Овој евтин и ефикасен процес кој ќе ја претвори солената или контамираната вода во свежа, чиста вода, ќе го промени светот на начин на кој само сме сонувале.

Една од најпопуларните техники е обратна осмоза, која ги одделува молекулите на водата од поголемите честички како на пример солта и нечистотиите, но филтрите кои се користат при овој процес, лесно се затнуваат, со што го ограничуваат капацитетот на системот.

Затоа инженерите од Институтот за технологија во Масачусетс одлучија да откријат сосем нов пристап, па истражуваа што ќе се случи доколку се измеша водата со електрична енергиј. Солената и загадената вода „се храни“ преку евтин и порозен материјал наречен фрит, создаден од ситни парчиња стакло, флексибилни мембрани и електроди. Како што тече, електричната енергија се применува врз водата и се поврзува со содржината на сол во водата.

„Кога електричната енергија тече низ системот, солената вода се дели во региони кадешто концентрацијата на сол е или посиромашна или побогата. Кога енергијата ќе се зголеми до одредена точка, таа генерира шок бран помеѓу овие две зони, остро одделувајќи ги од едноставна физичка бариера во центарот на протокот“.

Системот се базира на истиот концепт на друга десалинизација на водата, но има една фундаментална разлика. Во системот базиран на обратна осмоза, контаминираната или солена вода се пренесува преку посебни мембрани кои „фаќаат“ солени честички и други нечистотии. Но, во системот на истражувачите од Институтот во Масачусетс, мембраните се исто така користени како бариери за загадувачите, но наместо да течат низ мембраните, водата тече низ нив.

„Процесот изгледа слично, но е фундаментално различен“, вели Мартин Базант, член на тимот. „Солта не мора да биде протерена преку нешто, туку само преместена на друга страна“, додава тој.

Ова не е единствената ветувачка техника за десалинизација на водата која моментално се развива. Истражувачите од Египет развиваат систем врз основа на процесот на первапорација, со која може да се десалинизира водата која има солку колку во Црвеното море. Во меѓувреме, Инженерите од Универзитетот во Илиноис, најавија дека развиваат материјал кој им овозможува високите количини на вода да поминат низ екстремно ситни „нанопори“ додека ја блокираат солта и другите загадувачи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука