X
 10.06.2015 Култура

Шокантни работи за општеството кои ги прифаќаме како нормални

Кога ќе го погледнете светот објективно ќе забележите дека многу работи не се во ред. Доволно е да прочитате најнови вести и сигурно ќе прочитате нешто за војна, протести, смрт, болест итн. Секако, медиумите повеќе се фокусираат на ваквите настани бидејќи повеќе се продаваат, но сепак и тоа открива нешто вистинско што се случува во светот

Вработените во „Free world charter“ сметаат дека е време да им покажат на луѓето дека општеството во кое живееме е многу полошо од она што сакаме да мислиме. Тие тоа го покажуваат со 10 факти за нашето општество кои ние ги прифаќаме за нормални. Ова се фактите:

1. Ставаме приоритет на парите и економијата пред основни работи како квалитет на воздухот, водата и храната и нашата околина.

2. Користиме економски пазарен систем кој предизвикува смрт на милиони луѓе секоја година.

3. Светот го делиме на делови, а потоа се убиваме за да поседуваме некој дел.

4. Некои луѓе ги правиме „војници“ и ги учиме да убиваат луѓе.

5. Малтретираме и убиваме милиони животни секојдневно за непотребна храна, облека и експерименти.

6. Децата ги испраќаме на училишта и тие го губат целото детство помнејќи факти кои ретко ќе ги користат.

7. Создаваме финансиски притисок на родителите и ги принудуваме да пропуштаат основни фази од развојот на нивните деца.

8. Имаме илјадници религии, од кои секога верува дека нејзиниот Бог или нејзината приказна е единствената вистинска верзија.

9. Љубовта и соживотот се исмевани како нешто за „слабаци“. Од друга страна, војните се за храбрите.

10. Секој со корисен изум ги спречува сите останати од користење или подобрување на изумот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура