Фото: Imgrum.org
Туристите и жителите на Брно од неодамна на еден од плоштадите во центарот на градот можат да се напијат кафе, капучино и да каснат колачиња и чоколадо и тогаш кога немаат ниту денар в џеб - но постои услов: да направат добро дело.
Црвениот весел киоск на Зелениот плоштад бил поставен од Либор Хожењи, а го финансираат градските власти како поттик жителите на Брно да се дружат, поддржуваат и да си помагаат еден со друг, како и повеќе да се интересираат за нивната животна средина.
На огласната табла се напишани добри дела како: „купување вода за бездомник“, „подигнување ѓубре од земја“, „изненадување на некој со љубезен телефонски разговор“ или „нудење место за постарите во градскиот превоз“.
Секој што сака кафе, доволно е да избере нешто од списокот или да се предложи свое добро дело. Доколку сака, доброто дело може да го сподели на веб-страницата „Добро кафе“, како што е наречен и проектот.
Фото: Imgrum.org
„Планирам да поставам киосци и на други места во Чешка. Луѓето обично не застануваат само на едно добро дело, туку тоа им преминува во навика“, вели Хожењи.
Градските власти го поддржаа проектот и со тоа овозможија во центарот на градот да се појави овој киоск за
кафе со слоганот: „Не плаќајте со пари, платете со добро дело“.