На „Редит“ се појави фотографија од кафуле во Србија кое тврди дека го служи најдоброто кафе. Зошто кафето овде е најдобро? Според нив, кафето е најдобро бидејќи го подготвуваат луѓе со факултет.
Рекламата предизвикала различни реакции. За некои, таа е смешна, а за други не е коректна.
- Бедно на повеќе нивоа, а најголемото е дека маркетинг-тимот/сопственикот на овој локал мислел дека оваа толку духовита досетка треба да се стави како реклама - напишал еден корисник.
Некои посочиле дека проблемот со преквалификуваната работна сила е резултат на тоа што луѓето завршуваат бесмислени и непотребни факултети.
Извор:
Studentski
Фото: Pixabay