X
 12.12.2018 Живот

Barcaffѐ espresso освои две златни медали на меѓународниот натпревар на дегустација на кафе во Милано

Белград, 7 декември 2018 година – На овогодишниот меѓународен натпревар на дегустација на кафе (Internacional Coffe Tasting) што се одржа на 29 и 30 ноември во Милано во организација на Меѓународниот институт за дегустација на кафе (International Institue of Coffe Tasters), Barcaffè espresso освои две златни медали за своите брендови Barcaffè Tradizione и Barcaffè Prestigio.

Судии на овогодишниот натпревар беа стручњаци за кафе, а пијалаците од кафе ги оценуваа врз основа на неколку критериуми, како: заокруженост на вкусот, интензитет на аромата, структура и постојаност на пената.

„Исклучително сме горди што на овогодишниот натпревар станавме носители на дури две златни медали и со тоа се најдовме во друштвото на други многу популарни брендови во Италија и пошироко. Barcaffè отсекогаш спроведува строги мерки за контрола на квалитетот почнувајќи од изборот на самото зрно на суровото кафе до совршено приготвеното и послужено еспресо во кафуле“, изјави Андреј Беле, генерален директор на Стратешкото деловно подрачје Кафе на Групацијата Atlantic.

Напомна дека ова не е прв пат Barcaffè да понесе златни медали.
„Barcaffè е горд носител на дури 6 златни медали на меѓународните натпревари во дегустација на кафе. Исклучително ни е драго што на оваа колекција ги додаваме и овогодишните две златни медали“, додаде Беле.

Barcaffè е еден од најзначајните регионални брендови во бизнисот со еспресо, чија што приказна започнува уште во 1970 година во тогашната фабрика Дрога Порторож, а денес неговата понуда се состои од повеќе од 40 производи, почнувајќи од мешавини на мелено пржено кафе, кафе еспресо, инстант пијалаци и coffee to go.

Barcaffe Tradizione е приготвено од најквалитетните сорти арабика и робуста. Обилува со интензивен вкус и пикантна арома со нота на горко какао и црна чоколада. Присутно е во целиот регион.

(комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот