Во Македонија во утринските часови во западните и северозападните предели постојат услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево, потопло и ветровито. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина до 35 км/ч. Поради овој северен ветер утринските температури ќе бидат во пониски и ќе се движат од 1 до 9 степени, додека пак максималните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 17 односно до 27 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.
СКОПЈЕ - Во Скопје во вторник ќе биде сончево и потопло но и ветровито. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 24 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во наредните денови ќе биде претежно сончево со локална облачност и температури кои ќе бидат повисоки од вообичаените за овој период од годината. Во среда сончево и топло, во доцните попладневни и во вечерните часови зголемување на облачноста. Максималните температури од 19 до 29 степени. Облачноста ќе остане над Македонија и во текот на ноќта среда кон четврток што ќе услови за повисоки утрински температури во четврток. Во четврток и петок сончево и топло со температури од 20 до 29 степени односно од 18 до 27 степени.
Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло. Дневните температури ќе достигнат до 21 односно до 29 степени.
Weather4all.com.mk