Ново истражување ги поврзува долгите дремки во текот на денот со зголемен индекс на телесна маса и висок крвен притисок. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да ги одбегнувате кратките дремки.
Дремката треба да трае од 10 до 20 минути, но не повеќе од половина час. Кратките дремки може да ве освежат, но доколку спиете подолго од 25 минути, ризикувате да влезете во фаза од спиењето која ќе направи да се чувствувате поуморни. Освен тоа, долгите дремки влијаат врз здравјето и на други начини.
Истражување спроведено на 3.000 луѓе од Шпанија открило дека оние што спиеле подолго од 30 минути во текот на денот почесто имале поголем индекс на телесна маса, односно биле со поголема телесна тежина.
Долгото спиење во текот на денот се поврзало и со повисок крвен притисок и други состојби поврзани со срцевите болести и дијабетесот. Претходни истражувања, исто така, ја поврзале зголемената телесна тежина со долгите дремки во текот на денот.
Извор:
The guardian
Насловна фотографија: Freepik