За сите љубители на велосипеди, Копенхаген е градот во кој треба да живеете. Новата ранг листа открива дека од 100 глобални градови, главниот град на Данска е на врвот на листата направена од „2015 Copenhagenize Index“.
Индексот мери 13 различни критериуми за секој град, од инфраструктурата како патеките како и програми за велосипеди па се` до политичката и културната клима за велосипедистите и процентот на луѓе кои користат велосипеди наместо автомобили.
Дури и лидерите како Амстердам или Копенхаген имаат место за подобрување. Копенхаген се`уште прави големи промени, а минатата година, возењето на велосипед се искачи од 36% на 45%. Но, градот сака да достигне 50%. „Потребни се радикални промени за да се постигне целта“, вели Мајкл Колвил Андерсон, извршен директор на „Copenhagenize Design company“ кој ја води листата и рангирањата.
Андерсон вели дека секој град треба да се фокусира на подобрување на велосипедизмот. „Урбанизацијата е полна со предизвици. Еден од нив е како луѓето да се движат низ град со ограничен простор. Велосипедот е совршено решение за тоа. Го намалува сообраќајниот метеж, го прави градот поубав, го подобрува јавното здравје и многу други работи. Невложувањето во велосипедите е ужасен неуспех за биило кој град на планетата“, вели тој.