Иако многумина веруваат дека се вешти возачи, несомнено има некои што се подобри од другите.
Но, паркирањето е сосема друга приказна. За среќа на сите оние што имаат проблем со паркирање на тесни места, еден возач, кој се смета за експерт во оваа вештина, сподели корисен совет како да го совладате овој проблем.
Во видео поставено на „Тик-ток“ возачот демонстрира техника што можеби е поедноставна отколку што мислите. Она што треба да го направите е да следите неколку основни правила кога сте на паркинг.
Овој совет е особено корисен ако се обидувате да се вратите наназад во тесен паркинг-простор, што го прави советот исклучително корисен.
Иако на прв поглед изгледа застрашувачки, ова маневрирање лесно се постигнува ако следите неколку едноставни чекори.
Во видеото, возачот ви кажува да се движите напред по линијата на паркинг-просторот. Кога автомобилот е порамнет со централната линија на паркинг-просторот, застанете. Свртете го воланот надесно докрај и продолжете да возите напред.
- Кога ќе го видите аголот на паркинг-просторот во ретровизорот, застанете. Свртете го воланот докрај во спротивна насока и движете се наназад. Кога автомобилот е паралелен со паркинг-просторот, вратете го воланот на почетната позиција. Возете во рикверц. Автомобилот лесно ќе се смести во паркинг-просторот - вели тој.
Извор:
Express.co.uk
Фото: Freepik