X
 31.07.2017 Живот

Девојката со три мајки и 27 браќа и сестри

На околу 140 километри од Големиот Кањон, во пустина опколена со црвени карпи и прекрасни кањони, се наоѓа заедницата „Шорт Крик“. Таму живеат мормони, во конзервативна средина – нема телевизија, ни интернет, се носи старомодна облека и владее полигамијата, односно мажите можат да имаат повеќе жени.

фото извор: BBC

По серија скандали, религиозниот лидер Ворен Џефс е во затвор. Но, жителите продолжуваат со истиот начин на живот, исто како што било и кога заедницата била формирана, пред 100 години. Според некои медиуми, полигамијата во заедницата довела до сериозни генски проблеми.

Фејт Бистлајн во интервју за „BBC“ говорела за нејзиниот претходен живот, како дел од оваа религија, и за напнатите моменти до ноќта кога одлучила да избега.

Имала три мајки и 27 роднини. Нејзиниот најстар брат има 42 години, а најмладиот 10. Не е во контакт со таткото од својата 13. година. Се појавил само на погребот од нејзиниот дедо, но повеќето од своите деца не ги препознал.

Децата во оваа заедница се будат во 5 часот наутро и тогаш се одржувал семеен час кога таткото читал делови од пророштва. Потоа сите се местат во круг и се молат. Потоа, една од мајките подготвува појадок и таткото оди на работа. И така секој ден. Ако некој сака да се омажи или ожени, таткото оди кај религискиот водич за да му соопшти дека ќерката или синот е подготвен, па потоа му одбираат маж или жена. Состанувањето е против правилата во заедницата, па кога Фејт сакала да го добие телефонскиот број на момчето што ѝ се допаѓало, била соочена со осуди од општеството. Таа заедно со момчето го напуштила местото, но за малку ќе доживеале сообраќајна несреќа и нејзините браќа ја вратиле дома. Потоа Фејт била исфрлена од црквата, но не и од религијата. Нејзиното семејство исто така почнало да ја отфрла. Тогаш сфатила дека навистина мора да си оди.

Една вечер нејзиното момче дошло со автомобил пред нејзината куќа, заедно со уште 5 лица и заминале од местото. Фејт вели дека ѝ било тешко да се приспособи на новата средина, но на некој начин успеала и согледала дека во светот има многу повеќе начини на живот отколку оној во нејзиниот дом.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот