Едно од најголемите имиња на светскиот театар, американскиот режисер Роберт Вилсон ќе ја постави светската премиера на драмското дело "Кој е сопственик на светот" од македонскиот писател Јордан Плевнеш.
Во реализацијата на овој меѓународен проект ќе учествуваат, покрај сцената на уметничкиот центар на Вилсон - Вотермил, што се наоѓа на Лонг ајленд - Њујорк и повеќе светски и европски театри. Во Европа, главни партнери на реализацијата на претставата ќе бидат уметничката фондација Национален театар и опера од Монако и Македонскиот народен театар.
Меѓу уметничките соработници на Вилсон покрај шест актери од МНТ, кои ќе бидат одредени на аудиција, ќе учествуваат и композиторот Горан Трајкоски и скулпторот Жарко Башески.
Премиерата се предвидува во сезоната 2018/2019, а претставата ќе има изведби на повеќе сцени во САД и во Европа. Светската премиера на овој меѓународен проект ќе биде на сцената на Македонскиот народен театар.
Во овој голем проект ќе бидат вклучени исклучително врвни соработници и уметници, меѓу кои се асистентот на режисерот Ен Кристин Ромен, сценографката Марија Детеста и костимографот Карлос Сото.
Роберт Вилсон со експерименталниот театар го гради неговиот препознатливиот стил како режисер и драматург, кој медиумите го опишуваат како "непрефинетиот авангарден"театар" во светот. Во текот на неговата раскошна кариера, работел како кореограф, изведувач, сликар, скулптор, видео-артист и дизајнер на звук и осветлување. Тој е познат по своите соработки со Филип Глас на Ајнштајн на плажа и со бројни други уметници, меѓу кои и Хајнер Милер, Вилијам С. Бароуз, Ален Гинзберг, Лу Рид, Том Вејтс, Дејвид Брн, Лори Андерсон, Гевин Бриарс, Руф Вајнрајт, Марина Абрамович, Вилем Дафо, Михаил Баришников, Даррил Пинкни и Лејди Гага.
За Македонскиот народен театар соработката со овој врвен режисер е од исклучителна важност, и претставува еден од најзначајните проекти во неговото постоење.