Квентин Тарантино е еден од најуникатните режисери и сценаристи на денешницата. Неговата љубов кон филмот и огромното знаење може да се видат во неговите филмови. Тој ретко ги коментира новите филмови, но неодамна го пофалил новиот дел на „Топ ган“. Освен овој, има други постари филмови за кои се знае дека му се допаднале на Тарантино.
„Рио Браво“
За овој филм од 1959 година Тарантино изјавил дека им го покажува на девојките кога врската станува сериозна.
„Добриот, лошиот и грдиот“
Ова е уште еден класик кој е на листата со омилени филмови на режисерот.
„Социјалната мрежа“
Овој филм му е омилен филм на Тарантино.
„Апокалипса сега“
Овој филм од Френсис Форд Копола е еден од најдобрите филмови на сите времиња, според Тарантино.
„Борачки клуб“
Тарантино го вклучил овој филм на неговата листа со најдобри филмови објавени од 1992 до 2009 година.
„Матрикс“
Тарантино не е обожавател на двете продолженија на „Матрикс“, но го сака првиот филм од 1999 година.
„Кожата во која живеам“
Овој психолошки хорор на Педро Алмодовар е еден од најдобрите филмови што излегле во 2011, според Тарантино.
„Таксист“
Тарантино вели дека овој филм на Мартин Скорсезе е несомнено еден од најдобрите филмови што некогаш биле направени.
„Приказна за играчките“
Овој филм е на врвот на листата со најдобри филмови во 2010 година составена од Тарантино.
Извор:
Indiwire
Насловна фотографија:
Wikipedia