X
 26.04.2018 Култура

Еден од најдобрите филмови што ќе ги гледате оваа година.

Кога филмот „Loveless“ беше прикажан во Кан пред една година, беше пречекан со универзално признание - критичарите и публиката беа импресионирани и заедно заклучија дека е еден од најдобрите филмови за оваа година.

филм

Режисер на филмот е Андреј Звајгинцев, кој е прогласен за персона нон грата од администрацијата на Путин уште во 2014 година, кога беше премиерата на филмот „Leviathan“, моќен портрет на руската корупција прикажана низ борбата на градски механичар.

За неговиот нареден филм „Loveless“, Звајгинцев го премести дејствието во метрополата Москва, во рамките на микрокосмосот на едно токсично семејство. Иако не е наративно поврзан со „Leviathan“, „Loveless“ ја дели истата немилосрдна непријатна ДНК.

Зенја и Борис се наоѓаат во средината на ужасен развод - стапиле во брак додека биле млади поради одредени околности, па низ годините нивната врска станала хаос. Сега тие не можат да се поднесат, избувнувајќи при секој разговор.

Додека чекаат да го продадат станот, единствената причина што сè уште се заедно е нивниот син, 12-годишниот Алексеј, кој мора да ги слуша своите родители како се расправаат, беснеејќи за тоа колку се несреќни - дете како дете, сфаќа дека се несреќни поради него.

Ниту еден од родителите не е заинтересиран за благосостојбата на нивниот син, па планираат да го испратат во интернат за да не им пречи во нивните нови животи што си ги замислиле.

Кога Зејна се враќа од состанок и се буди наредниот ден, добива телефонски повик од училиштето на нејзиниот син - момчето веќе два дена не се појавило на училиште. Ниту еден од родителите не го забележал отсуството.

По одбивањето од полицијата, родителите се обраќаат до локалниот тим за пребарување и спасување деца, чие искуство и ефикасност укажуваат на сеприсутноста на тинејџерското бегство.

Додека „Loveless“ може да се чини како филм тежок за гледање, тече толку природно. Звајгинцев ја поставува приказната во 2012 година, во деновите кога се ближеше крајот на календарот на Маите како некој вид застрашувачка заднина на домашната атмосфера.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура