X
 01.08.2017 Технологија

Украдени сценаријата на неемитувани епизоди од „Игра на тронови“

Група хакери тврди дека го украла сценариото за епизодата  која следува од серијата „Игра на тронови“, а американската кабловска телевизија „HBO“ потврдила дека хакерите ги украле и програмските податоци и содржини.

фото извор: Helen Sloan/HBO via AP

Хакерите тврдат дека имаат 1,5 терабајт од податоците и дека епизодите „Ballers“ и  „Room 104“ заедно со сценариото за следната епизода се поставени онлајн. Истакнуваат дека повеќе материјал ќе биде објавен наскоро.

Претседателот на телевизијата вели дека упадот бил вознемирувачки за нив. Тие не сакале да ги коментираат извештаите за кражбата на сценаријата и епизодите кои не се емитувани, но изјавиле дека истрагата е во тек. Како што велат, заштитата на податоци е нивен приоритет.


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија