X
 17.06.2017 Живот

Новите документи од Викиликс покажуваат како ЦИА шпионира и хакира

dokumentui
Фото: AFP

По дефиниција, рутерот е централен уред на кој се поврзани други уреди со кои добиваме пристап на интернет. Со тоа, тие се најдоброто место од кое може да се шпионира интернет сообраќај на некои интернет конекции.

Се чини дека и ЦИА ги има истите замисли, па тие го направиле токму тоа - ги хакирале рутерите кои им овозможиле надзор на целиот интернет сообраќај.

Завчера излегоа документи кои ја опишуваат алатката наречена „Cherry Blossom“. Програмата го модифицира оперативниот систем на рутерот, и со тоа го претвора во алатка за набљудување. Кога ќе се инсталира, „Cherry Blossom“ овозможува оддалечен пристап до рутерот. Со него може да се следи интернет сообраќајот, па дури и лозинките, како и да се пренасочи на другите страници.

Иако документот е од 2012 година, тој покажува колку ЦИА е подготвена да оди далеку со хакирањето. Овој документ излезе откако излегоа и информациите дека е направена алатка за хакирање на „Аpple“ и „Samsung“ паметните телевизори. Поради тоа што документот е релативно стар, нема информации како системот понатаму се развил и дали воопшто се користи. Постои можност да е заменет со понов и помоќен.

Во документот се наоѓаат и упатства како се инсталираат шпионските алатки на рутерите. Секое од упатствата е наменто за специфичен рутер, со оглед на тоа што постапката е различна од модел до модел. „Cherry Blossom“ се инсталира на рутерот со модификација во производниот ланец или со користење на „Claymore“ алатот. За овој алат не е многу познато, па не се знае дали станува збор за софтвер или хардвер.

Но, за „хакирање на произведен ланец“ се знае нешто, но не станува збор за некаква комплицирана хакерска акција. Не е познато колку рутери се зафатени со оваа алатка, но упатствата упатуваат на тоа дека на мета биле поединечни рутери, а не масовен надзор. Бидејќи станува збор за ЦИА, можеме да претпоставиме дека слични алатки се користеле и во NSA. Во листата стојат упатства за околу 25 рутери, од 10 различни произведувачи како „Asus“, „Belkin“, „Dell“, „D-Link“ и други.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот