Режисерот на „Игра со лигни“, Хуанг Донг-хјук, открил дека изгубил 6 заби од стрес во текот на снимањето на серијата.
Како што изјавил, пишувањето и режирањето било физички, ментален и емоционален предизвик за него. Тој открил и дека го менувал сценариото додека траело снимањето бидејќи добивал нови идеи или забележувал грешки што требало да бидат поправени.
- Тоа е делумно причината зошто бев под огромен стрес, поради што изгубив 6 заби во текот на снимањето - изјавил режисерот.
Серијата стана омилена насекаде низ светот. На 12 октомври „Нетфликс“ изјави дека серијата ја гледале 111 милиони луѓе.
Донг-хјук сè уште не одлучил дали ќе има втора сезона.
Извор:
Insider
Фото: YouTube (Printscreen)