(
Фото: Facebook)
Свесни сме дека живееме во општество со изместени вредности, предрасуди кои се „залеваат“ со многу вода, но немавме поим дека толку многу сме застраниле.
На една страница на „Фејсбук“ на норвешки јазик беше поставена фотографија со опис: „Што мислат луѓето за ова?“ Треба да се дополни дека станува збор за страница со антимилитарен карактер.
Сето ова беше доволен „тригер“ да ги поттикне нетолерантните веднаш „да ја изразат својата загриженост“ со акцент дека ситуацијата станала сериозна. Уште еднаш да напоменеме дека се работи за Норвешка, земјата на благосостојба и држава која не сака да влезе во ЕУ затоа што е една од најбогатите на светот.
Со сите овие предности на оваа скандинавска земја, луѓето коментирале плашејќи се за сопствената безбедност.
„Изгледа навистина страшно и би требало да се забрани. Никогаш не знаете кој се наоѓа под тоа, би можеле да бидат терористи со оружје“, напишал еден корисник на „Фејсбук“, додека друг оставил слично мислење: „Носете ги надвор од нашата држава... Ова се застрашувачки времиња во кои живееме“.
А, колку всушност се опасни празните седишта во автобусот? Да, не станува збор за жени во бурки, туку едноставни и безбедни, празни сини седишта. Ако сте виделе нешто друго, паднавте на испитот.