X
 24.12.2015 Култура

Финско-норвешката граница веројатно ќе биде поместена поради прекрасна причина

На 8 декември годинава, група Норвежани отвориле група на социјалната мрежа „Фејсбук“ наречена „Халти како подарок за годишнина“. Групата собрала над 10.000 допаѓања, а кампањата е со цел славење 100 години независност на Финска.


За да се одбележи годината (2017), овие Норвежани сакаат да им подарат планина на Финците. Планината во прашање е Халти, чиј врв се наоѓа на границата меѓу двете земји на височина од 1.365 метри.

Моментално, највисокиот планински врв во Финска изнесува 1.324 метри во височина. Затоа, Норвешка би му дала на соседот нов највисок врв.


Иницијативата можеби изгледа екстремна, но со неа границата би се поместила само 200 метри северно и 150 метри исторчно, односно Норвешка би загубила само 0,015 квадратни километри. Гестот предизвикал позитивни реакции од двете страни.

Предлогот стигнал и до власта, а директорката на Норвешката агенција за мапи ја дала својата поддршка на јавна телевизија.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура