X
 05.08.2017 Наука

Зошто интелигентните луѓе носат лоши одлуки?

Коефициентот на интелигенција можеби е клучот до академскиот успех, но критичкото размислување и способноста да се донесе суд без да се обрнува внимание на лажни заклучоци директно влијае врз нашата способност за донесување одлуки.


Сите сигурно познаваме некој што е многу интелигентен, но се случува да донесе многу глупави одлуки. Новите студии покажуваат дека високиот коефициент на интелигенција не е нужно еднаков со доброто критичко размислување.

На 244 учесници им биле тестирани нивните вештини за критичко размислување и коефициентот на интелигенција преку користење сценарио со прашања. Тие требало да го поврзат своето искуство со зададените ситуации.

Средно вознемирувачки биле оценети следните ситуации:

-    Испраќање порака на погрешна личност
-    Да ги заклучиш клучевите дома
-    Испраќање електронска пошта со грешки на некој важен.

Повеќе вознемирувачки биле:

-    Повеќе од 1.000 долари долг
-    Позајмени пари за коцкање
-    Сексуално пренослива болест.

Иако тие со висок коефициент на интелигенција имале помалку негативни искуства, критичкото размислување било повеќе поврзано со избегнувањето на овие проблематични ситуации отколку со интелигенцијата.

Така што, можно е да се има просечен коефициент на интелигенција, а сепак да се донесуваат добри одлуки кои го олеснуваат животот. Сепак, иако за повеќето ова е случај, не значи дека за сите важи истото, бидејќи научниците уште немаат откриено од каде воопшто произлегуваат овие вештини.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука