Обидете се да ја решите загатката со мачката, глушецот и сирењето во продолжение. Одговорот ќе го најдете на крајот.
Кога врне, мачката е во собата или во подрумот. Кога мачката е во собата, глушецот е во дупката, а сирењето е во фрижидерот. Ако сирењето е на масата и мачката е во подрумот, тогаш глушецот е во собата. Сега врне и сирењето е на масата. Каде се мачката и глушецот?
Фото: Pixabay
Одговор: Според правилата во загатката, мачката може да биде во собата или во подрумот. Но во овој случај таа не може да биде во собата затоа што сирењето не е во фрижидерот, туку на масата. Затоа, мачката е во подрумот, а глушецот е во собата.
Извор:
brightside.me