X
 25.04.2022 Живот

Лоши навики што ги имаат интелигентните луѓе

Дали околу себе оставате неред, заспивате доцна и пцуете? Тие се сметаат за лоши навики, но според истражувањата, може да бидат знак за висока интелигенција, пишува „Кјуриос мајнд мегазин“.

Неуредност

Се претпоставува дека неуредноста е недостиг на организираност и продуктивност. Меѓутоа, психолог од Универзитетот на Минесота открил дека луѓето што имаат неуредна соба се поинтелигентни и имаат повисок коефициент на интелигенција. Впрочем, неуредната соба може да значи и дека сте креативни.

Според Кетлин Вог, која стои зад трудот на темата, неуредната околина може да инспирира ослободување од традицијата, што може да понуди нови начини на гледање на нештата. Од друга страна, уредената околина охрабрува традиција и играње на сигурно.


Фото: Pixabay

Будење доцна наутро

Научниците откриле врска помеѓу спиењето и нивото на интелигенција. Истражување објавено во „Сајколоџи тудеј“ открило дека луѓето што заспивале и се буделе доцна имаат повисок коефициент на интелигенција. Според истражувањето, поинтелигентните деца почесто се ноќни птици отколку ранобудници.


Фото: Pixabay

Пцуење

Луѓето што пцујат се сметаат за вулгарни и непристојни, но според истражување спроведено на колеџот „Мерист“ во Њујорк, овие луѓе се и поинтелигентни и имаат подобри реторички вештини.

Освен тоа, луѓето што пцујат се поискрени бидејќи пцуењето е израз на чисти емоции. Конечно, пцуењето може да помогне и во намалувањето на стресот и ја намалува физичката болка.

Извор: Curious Mind Magazine
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот