X
 22.01.2022 Живот

Знаци што покажуваат дека некој е гениј

Психолозите и другите експерти смислиле многу начини за набљудување на човечката интелигенција и дошле до заеднички заклучок.

Паметните луѓе не се дефинираат само со нивните неверојатно добри резултати од тестовите за интелигенција. Тие имаат тенденција да споделуваат еден куп други карактеристики, како што се мрзливост и сарказам.

Па, како да знаете дали некој е гениј, а да не чекате историјата да го препознае?

Анализирањето на вашите лоши навики може да биде одличен начин да откриете дали сте интелигентна личност, се согласуваат психолозите.

Мрзливи сте

Интелигенцијата често се поврзува со луѓе што работат напорно и вредно. Но, истражување од списанието „Хелт псајколоџи“ ја поддржува теоријата дека паметните луѓе поминуваат повеќе време во лежење. Имено, на луѓето со повисок коефициент на интелигенција им е помалку досадно, па претпочитаат да поминуваат време во размислување наместо да работат, а луѓето што се активни, логично е да се помалку мрзливи, бидејќи физичката активност е она што го стимулира нивниот ум.

Немате многу пријатели

Ако имате мала, но вредна група пријатели, тоа може да биде знак дека сте навистина паметни. Студијата во „Бритиш журнал оф псајколоџи“ покажа дека ако сте исклучително интелигентни, постојаниот разговор со пријателите може да ве направи несреќни. Теоријата за ова е малку комплицирана. Студијата покажа дека луѓето денес се најсреќни за работи во кои уживале нашите предци, а една од нив е дружењето со многу луѓе. Сепак, ова не е вистинското решение за интелигентните луѓе бидејќи ангажирањето во нешто друго освен социјалната интеракција е она што ги прави попаметните луѓе посреќни.
 
Уживате во црн хумор

Ако имате тенденција да се смеете на темни работи за кои другите би помислиле дека се вознемирувачки, тоа може да значи дека сте навистина интелигентни. Една студија од списанието „Когнитив процесинг“ го открила токму тоа. Учесниците оценувале дали разбираат „морничави“ шеги и дали мислат дека се добри. Луѓето кои уживале во шегите од доменот на црниот хумор постигнале подобри резултати како во вербалната така и во невербалната интелигенција. Истражувачите велат дека причината лежи во фактот што разбирањето на црниот хумор бара и когнитивни и емоционални вештини за вистинско разбирање. Значи, сфаќањето на шегите премногу сериозно не е карактеристика на паметните луѓе.

inteligencija
Фото: Freepik

Неуредни сте

Следниот пат кога некој ќе ви каже дека сте премногу неуредни, искористете ја студијата од Универзитетот во Минесота која вели дека нередот често е поврзан со интелигенцијата. Сето тоа е поврзано и со креативноста.

Имате проблеми со спиењето


Останувањето буден до доцна навечер е поврзано со интелигенцијата. Истражувањата го покажале тоа неколку пати, а многу паметни луѓе изјавиле дека цел живот живееле како ноќни птици.

Се грижите многу

Студијата на Универзитетот „Лејкхед“ во Онтарио покажа дека грижата и интелигенцијата се поврзани. Прекумерното размислување, акцентот на грижата и преокупираноста со анксиозноста всушност го тренираат вашиот мозок да реагира подобро следниот пат кога ќе се најдете во слична ситуација.

Саркастични сте

Сарказмот не е само одличен начин да се биде духовит, туку е и знак дека сте паметни. Едно истражување покажа дека способноста да се разбере сарказмот доаѓа од голем број сложени когнитивни вештини. Станува збор за разбирање на менталната состојба на луѓето, а не само за правење шеги. Значи, разбирањето на нечија душевна состојба и чувства ги прави луѓето саркастични, а тоа е поврзано и со повисоката интелигенција.

Љубопитни сте

Ако сакате да учите, колку повеќе учите, толку попаметни ќе бидете. Науката го поддржува тоа. Студијата на Универзитетот „Голдсмит“ во Лондон покажа дека колку време и труд вложуваат луѓето во своето знаење и вештини игра огромна улога во интелектуалниот раст. Но, не е само учењето што ве прави попаметни, туку и желбата да знаете повеќе, што е вообичаена особина за интелигентните луѓе.

Разговарате со вашето милениче

Ако сакате долги разговори со вашето домашно милениче, веројатно сте доста паметни. Едно истражување покажа дека разговорот со домашни миленици е знак на интелигенција и имагинација.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот