Повеќе сакате да гледате телевизија отколку да читате книга? Тогаш веројатно сте помалку дружељубиви, укажува најновото истражување.
Сакате да станете подобра личност? Можеби би требало да размислите да започнете некоја книга бидејќи, според најновото истражување од Универзитетот „Кингстон“ во Лондон, редовното читање може да влијае врз тоа дали ќе бидете пријатни и ќе имате повеќе емпатија кон другите.
Откако биле испитани нивните преференции кон читање книги и гледање телевизиски програми, 123 испитаници биле ставени на тест за интерперсонални вештини. Особено било набљудувано на кој начин се однесуваат кон другите чувствителни луѓе и дали се подготвени да им помогнат.
Истражувањето покажало дека оние што читаат книги се однесуваат во согласност со социјално посакуваните манири во споредба со оние што преферираат телевизија.
Исто така, љубителите на телевизија се покажале како помалку пријателски настроени, а останале зад читателите на книги и кога станува збор за разбирање на туѓите ставови. Но, тоа не е така со која било книга. Излегува дека литературата што луѓето ја избираат е показател на емоционалната интелигенција. Имено, љубителите на фикцијата повеќе покажуваат позитивно социјално однесување, додека читателите на драма и романтични романи покажуваат повеќе емпатија.
Слично на тоа,
љубителите на експерименталните книги ги согледуваат работите од различни перспективи, но на врвот на листата се најдоа оние на кои комедиите им се омилен книжевен жанр.