X
 11.08.2017 Технологија

Како до „Мајкрософт Офис“ без плаќање?

офис

Пакетот програми „Мајкрософт Офис“ дефинитивно е златен стандард. Постојат алтернативи, но и понатаму се токму тоа - алтернативи. Но „Офис“ чини многу, без оглед дали се зема со претплата или еднократно.

 Сепак, треба да знаете дека можете да го искористите бесплатно. Еве како.

Не заборавајте на „Офис онлајн“


„Мајкрософт“ можеби не сака да ја намали цената на „Офис“ пакетите, но од друга страна овозможува многу бесплатни нешта. „Офис онлајн“ е веб-издание на популарните канцелариски апликации кои денес ги вклучуваат:

- Word
- Excel
- PowerPoint
- OneNote
- Sway
- Mail
- People
- Calendar
- OneDrive
- Docs.com

Секако, сите споменати веб-апликации се со ограничен карактер. Но работите не се толку лоши. Можете да отворите и да уредувате каков било „Офис“ документ, а недостапни се само напредните функции за, на пример, создавање детален финансиски извештај и слично. Ако работите се споредат со алтернативата, работата во „Офис онлајн“ нема да уништи уреден текст или табели на никој начин.

„Офис мобајл“ - за мобилни уреди

„Офис мобајл“ е она што и го кажува самото име и нуди слично искуство како „Офис онлајн“. Има слична функционалност, што значи дека може брзо да се уредуваат и прегледуваат документи.

Уредувањето на текстуален документ во „Ворд“ на „галакси С8“ е колку-толку во ред, но работењето во „Ексел“ табелите е вистински кошмар. Од друга страна,  какво било искуство на таблет е во ред. Но постои потенцијален проблем.

Функциите на „Мајкрософт“ на мобилниот телефон зависат од уредот. Така, на пример, на „ајпад Про“ и таблетите со поголема дијагонала може да се купи претплата. Еве како стојат работите на одделни платформи.

„Андроид“

Оние што имаат „Андроид 4.4“ и постари верзии треба да ја преземат мобилната апликација за „Мајкрософт Офис“. Апликацијата има ограничени можности, но успешно работи на вакви стари уреди.

Кога станува збор за помодерните изданија на „Андроид“, корисниците треба да преземат апликација од мобилниот „Офис“ пакет.

„Ајос“


За разлика од „Андроид“ каде што постои посебно издание на апликација за постари уреди, на мобилната платформа на „Епл“ такво нешто не постои - иако постојат разлики помеѓу изданието за ајфон и ајпад.

Тест-периодот е солиден


Ако постои потреба за сите функции што ги нуди „Офис“ пакетот, можете бесплатно да ги тестирате сите можности на „Мајкрософт Офис 365“ сервисот во период од месец дена.

Главно, периодот од 60 дена е повеќе од доволен за потрошувачот да се одлучи дали вреди да ги даде парите за понудата на „Мајкрософт“.

Прашајте ги работодавците и образовните установи

Многу компании и образовни установи даваат можност за лиценцирање на „Офис“ пакетот на повеќе корисници. Затоа треба да ја прашате компанијата за која работите дали постои ваква можност.

Студентите имаат можност да го искористат образовниот пакет на „Мајкрософт“, под услов нивната образовна установа да има договорено партнерство со нив.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија